Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вечерва на полноќ поскапуваат бензинот Еуросупер 95 за 0,5 денари, Екстар лесното масло за горење за 1 денар и мазутот за 0,542 денари за килограм. Цените на дизел горивото и Еуросупер бензинот од 98 октани остануваат по стара цена.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 73,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 73,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 48,011 (денари/килограм)
Зголемувањето на цените е за 0,63 проценти, а со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад е поради усогласување на цените со движењата на референтните светски берзи.