Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје Куманово од понеделник стартува вакцинација против сезонски грип.
Од Центарот велат дека располага со 1500 дози холандски вакцини против сезонски грип за целиот североисточен регион.
“Сите хронично болни кои што потешко би го прележале грипот треба да примат вакцина. Тука спаѓаат и хормонските болести. Вакцината е најдобра заштита. Имаме 1500 дози за целиот регион кој ги опфаќа Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце и се надеваме дека ќе ни бидат доволни“ - вели Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.
Цената на вакцините е иста како и лани и чини 400 денари.