Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со дефиле низ улиците низ градот, од понеделник 26 август започнува петтиот„ Меѓународниот фоклорен фестивал“ во организација на Културно-уметничкото друштво Панче Пешев од Куманово. Во три фестивалски дена ќе настапат два ансамбли од Грузија , еден од Србија и фолклорни друштва од Македонија.
Дефилето е закажано да започне во 19 часот пред паркот во Соколана.
„Собир на учесниците е пред Соколанскиот парк, од каде ќе прошетаат, но и ќе заиграат до градскиот плоштад. Целовечерен концерт ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура во Куманово“, истакна Зоран Илиевски, претседател на „Панче Пешев“.
На 28 август сите ансамбли ќе го повторат својот настап на отворено, на централната бина поставена на Градскиот плоштад со почеток во 19 часот.
„Меѓународниот фолклорен фестивал“ е дел од програмата за Кумановско културно лето. Се одржува под покровителство на Општина Куманово и за негово одржување се издвоени 400 илјади денари, потпомогнат со спонзорства на неколку приватни фирми.