×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од работни обврски да се ослободат бремените жени и лицата постари од 60 години, препорача Владата

    11.07.2024 15:47 | Сузана Николиќ

    Бремените жени и лица на возраст над 60 години да се ослободат од работните обврски, се дел од препораките кои ги донесе Владата поради високите температури кои ја зафатија државата. Препораките имаат важност до четврток, 18 јули.

    Од работни обврски да се ослободат бремените жени и лицата постари од 60 години, препорача Владата

    Во истиот период, се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

    Донесена е и одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот. 

    Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 

    Според Управата за хидро- метеоролошки работи државата е во период на многу топло време со дневна температура која насекаде е над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Најновиот топлотен бран ќе се засилува кон крајот на неделата, а во урбаните средини се очекува температурите во текот на ноќта да не се спуштаат под 20-тиот степен. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.