Од сабота задолжителна зимска опрема за возилата
12.11.2014 11:24
| KumanovoNews
Од сабота задолжително треба да се носи зимска опрема во возилата.

За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата, ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.
Казнувањето оваа зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, според кој следи казна од 15 евра.