Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановско - липковскиот регион од септември продолжуваат едукативните трибини за земјоделци кои ги организира Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Ги повикуваме луѓето кои навистина се заинтересирани за темите и претседателите на месните заедници. Имаше добар одзив на трибините кои беа пред одморите. Во село Пчиња имаше 32 земјоделци. Предавањата се за анализа на почва како треба да се направи, како земјоделецот да се регистрира, начини на чување на компир, програми за рурален развој, обележување на парцели, окрупнување на земјата и друго. Земјоделците прашуваат за винова лоза, за зеленчук, а предавањата ги држат нашите советници - вели Живка Наумова, раководител на Регионален центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство.
Предавања за населението од руралните средини се организираат од 2011 година досега.