Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во среда попладне ќе дува засилен северен ветер кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.
Утре ќе се задржи сончево и многу топло време за овој период од годината. Поради високите температури утре Вдолж Повардарието, а во среда само во југоисточните делови ќе биде активиран жолт метеоаларм, соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Во среда попладне ќе дува засилен северен ветер кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.
Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.