×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од свој агол: САРМА

    12.06.2010 12:59 | KumanovoNews

    Кому да му веруваш?! На статистичарите кои прецизно пресметале дека во Македонија просечната месечна плата изнесува 331 евро или на сопствените очи и уши кога секојдневно гледате и слушате замислени и загрижени луѓе, кои се жалат дека секој месец едвај преживуваат од први до први.

    Од свој агол: САРМА

    Од први до десетти велат, некако и оди,ама од десетти до прв и-никако.Неплатените сметки за струја им се ноќна мора-ако не платат се враќаат само еден век наназад-на свеќа и видело. До тука, благодарение на просперитетниот ни демократски плурализам и пазарна економија со се политиката дотурка македонскиот граѓанин-да му биде згазено сопственото достоинство. Тој, обичниот наш човек ни пет пари не дава на некаква си статистика (која е всушност само точен збир на неточни бројки) дека просечната плата во Македонија е 331 евро.Просек е и кога едни јадат само месо, други само зелка,а сите заедно-сарма. Башка што и ова просечна македонска плата е најниска во споредба со сите екс-ју републики и туку и во поширокиот регион.

    Ако граѓаните ги прашате (а,кој нив ги прашува) тие резигнирано ќе ви речат дека не веруваат во она што го вели државната математика(статистика) и дека практично во Македонија најчесто платата е од 150 до 200 евра.Тоа е реалната слика, а не нарачано мегафонско-маркетингшко убедување дека божем сега се живее подобро,ама тоа граѓаните не го чувствуват или не се свесни. Па дури и да е така,просежната плата да е 330 евра! Само за основни животни потреби, (леб и вода) на едно четиричлено семејство му се потребни 200 евра,што значи дека 150 евра преостануваат за се:хигиена,сметки за струја, вода, ѓубрарина, фиксен телефон и некои ситници. За други потреби, да се купи весник,книга или да се појде на театар-нема пари.

    Еееј!Кој тоа ни го направи?! А, се сеќавате ли што се не ни ветуваа на почетокот на деведесеттите само да се „отарасиме„ од омразениот и „мрачен„ комунизам и да влеземе во „светлиот„ демократски капитализам (некои станаа од комунисти-феудалци,што е посебен феномен). Се што тогаш политичарите му ветија на народот-народот им подари,а тие и си докупија. И фабрики, високи плати, куќи, станови и викендички-хациенди, функции без одговорност пред никого, дипломатија, вработувања по роднински и партиски клуч, бесни коли и монденски летувања и што се не. Време, душа дава за еден македонски Бранислав Нушиќ и неговите „Госпоѓа министерка„,„Власт„,„Протекција„,„Др.Мистер долар„ и др. Ама нема такви кај нас. Има само еден телевизор на кој може да се гледаат евтини срцепарателини латиноамерикански, турски или индиски серии, разни фарми на кои се произведува вулгаризам, таканаречени опуштени, па до немајкаде распуштени шоу - емисии и исто такви водители, новинарски караници, музички шунд- срски,бугарски и наш,вести-сериски филм со наслов Македонија-Нато-ЕУ и слични средства за перење на мозоци итн.,и тн.!Стандард, животен, што беше тоа!?

    Војче Крстевски,новинар