×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре започнува исплатата на февруарските пензии

    23.02.2022 12:27 | Жаклина Цветковска

    Од утре, започнува етапната исплата на февруарските пензии, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

    Од утре започнува исплатата на февруарските пензии

    Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19.

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);
    За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);
    За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и
    За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

    Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 24 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

    Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

    „Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје“, велат од Министерството за труд и социјална политика.