Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори ќе биде објавен утре, по што ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.
„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент“, соопштуваат од Државен завод за статистика.
Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.