Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со доделување на благодарници Црвен Крст Куманово, денеска го одбележа Денот на крводарителите во Македонија.
По тој повод во Центарот за култура беше организирана Свечена седница на која беа наградени најдобрите. Признание за 100 крводарувања доби Чедо Макрешански.
Крводарувањето за мене е многу хумана работа. Тоа треба сите да го практикуваме, да даваме крв, да помагаме на луѓето колку можеме. Искрено не се сеќавам кога првпат дарував крв, беше тоа многу одамна. Воопшто не е штетно, еве јас сум здрав, прав маж, имам 54 години и по 4 пати годишно давам крв - изјави Макрешански.
Секретарот на Црвен Крст Куманово, Иле Митковски вели дека голем број млади се вклучуваат на крводарителските акции, средношколци, членови на партии, невладини организации, компании што е за поздравување.
Имаме награди и за појаките активисти кои придонеле за мотивација околу крводарувањето, а од минатата година доделуваме и една награда за вкупна активност долготрајна. За долгогодишна активност специјална награда доби Драган Митевски. Тој е активист веќе 20 - тина години, исто така и крводарител со преку 60 крводарувања. Мислам дека наградата оди во вистински раце - вели Митковски.
Во Куманово има 15 крводарители кои над 100 пати дарувале крв, а годишно се собираат околу 3000 единици крв.