×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oдбележан Денот на крводарителството во Куманово

    18.03.2024 16:38 | Оливера Пешевска

    Општинската организација на Црвен крст Куманово со свеченост го одбележа Денот на крводарителството и 79-годишнината од постоењето на Црвениот крст на Македонија.

    Oдбележан Денот на крводарителството во Куманово

    По тој повод на крводарителите им беа доделени признанија за особен придонес во една од најхуманите мисии, која спасува живот.

    „Особена чест е да го поздравиме  Иван Петрушевски, кој досега 75 пати дарувал крв. Но, морам да напоменам дека сите крводарители мора првин да водат грижа за сопственото здравје и благосостојба за да можат да помагаат на другите. Затоа извршувајте редовни лекарски прегледи, подобро да испуштите една акција, за да подоцна учествувате во многу повеќе“, истакна д-р Нухи Јусуфи, претседател на Црвен крст Куманово.

    Тој потенцираше дека има кумановци кои и повеќе од 100 пати дарувале крв, но не се за потценување и оние кои имаат по 50, 25 или 10 дарувања. Секоја соберена единица крв е основата за непречено одвивање на многу интервенции и медицински протоколи кои се спроведуваат во болниците.

    Бројката од 50 дарувања, ова година ја достигнале Горан Апсостоловски, Дејан Димитриевски, Драгољуб Добревски, Влатко Јакимовски, Горан Јовановски, Горан Петковски, Бобе Јовановски и Дејан Петковски.

    Црвен крст Куманово во текот на минатата 2023 година организирала 27 успешни акции, со соберени 2677 крвни единици. Имаат одлична соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, како и трансфузионото одделение на Општа болница Куманово без чиј ангажман оперативниот дел би бил незамислив.

     Благодарници добија и оние кои организирале успешни крводарителски акции, но дале и сопствен допринос во нив.