Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска се одбележа 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот.На жртвите на фашизмот им оддадоа почит и цвеќе положија претставници од Локалната самоупрва , Сојузот на борците, АРМ, Советот на Општината, политичките партии, училиштата, невладините организации и поединци, почитувачи на традицијата од НОБ.
На свеченоста присуствуваше и амбасдорот на Србија во Македонија, Томислав Ѓурин.
Пред 65 години на оваа место паднаа првите жртви кои допринесоа за пораз на нацизмот, најголемото зло во историјата на човештвото. Сите народи од бившите Ју-простори, се обединија за победата на фашизмот и ние денеска не треба да го заборавиме влогот на нашите предци за слободата"- порача амабасадорот Ѓурин.
На загинатите борци, присутните им оддаоа почит со едноминутно молчење , а во името на Боречката организација се обрати претседатлот Спирко Зафировски.
Се собравме на им оддадеме почит на нашите борци што загинаа во војната 1941-45 година.Од името на Сојузот на борците на град Куманово-како град првоборец им заблагодаруваме на сите кои ги положија животите, а ни оние кои не ги заборавија и денеска се собраа да им оддадат почит -рече Зафировски.
Свечен говор на Спомен -костуницата одржа градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој се наврати на историските факти поврзани со овој значаен датум.
На 9-ти мај 1945, капитулира третиот Рајх, со што се стави крај на Втората светска војна, најголемиот воен судир во историјата. Загинаа 60 милиони луѓе, а над 30 милиони беа ранети, погубна бројка за човештвото. Не смееме да го заборавиме овој историски момент , туку да се потсетиме на грешките од минатото за да можеме да ја градиме иднината. Обединета Европа претставува најдобар резултат од победата над фашизмот - рече градоначалиникот Дамјановски.
Свеченоста беше збогатена со слетување на неколку падобранци на Спомен-костурницата.