Второ место за автомобилистот Жељко Величковски на слалом трка во Кичево
12.06.2026 17:13
| KumanovoNews
Младиот автомобилист Жељко Величковски (21) од Куманово, член на клубот „ОТК Скопје“, минатиот викенд го освои второто место на авто-слалом трката во Кичево, која се бодува за шампионатот на Македонија.
Иако е релативно млад возач, Величковски се натпреварува во силна конкуренција и, со поддршка од својот тим, успеа да стигне до одличен резултат. Тој е единствениот натпреварувач од Куманово во оваа дисциплина, а настапува со БМВ произведено во 1995 година.
Величковски е голем вљубеник во автомобилизмот, а неговите амбиции се во иднина да настапува во повисоки категории и на брзински трки.
Пред две недели, тој го освои третото место на натпреварување одржано во Скопје.