×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон

    26.02.2015 13:03 | KumanovoNews

    Во касарната “Боро Менков“ во Куманово,  денеска со воена свеченост беше одбележан 26 февруари - Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон.

    Одбележан Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон

    Пред присутните во касарната се обрати командантoт на гарнизон Куманово потполковник Али Хајро, кој говореше за значењето на овој светол датум во историјата на македонскиот народ и држава.

    “Формирањето на “Третата македонска ударна бригада“ во селото Жегљане има исклучително значење за развојот на востанието во североисточниот дел на Македонија. Нашата армија ги негува традициите на ослободителните борби, што ги водеше македонскиот народ низ својата долга и бурна историја. Почитувани борци, искажуваме голема почит кон вашето херојско дело и благодарност за се што сторивте во борбата за создавање на слободна и самостојна Република Македонија“ - изјави Хајро.

    Почит им беше оддадена на загинатите броци од НОБ и на загинатите припадници на АРМ, а дел од вработените добија стимулативни мерки, награди и пофалници. Командантот на првата механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски зборуваше за успесите на армијата во мисиите “ИСАФ“ во Авганистан, операциите “АЛТЕА“ и “Слобода за Ирак“.

    “На полето на соработката со цивилните структури бевте исклучително активни, помагајќи секаде каде беше потребно и бевте вклучени во многу акции од општествен интерес. Бевте присутни на теренот низ целата зона на одговорност на баталјонот почнувајќи од Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане. Ја покажавте вашата хуманост преку многубројни донации на облека, храна и дарување крв каде што имаше потреба“- вели Арсоски.

    Прославувајќи го Денот на единицата, од АРМ рекоа дека сите задачи ги реализираат со посветеност. Во касарната беа презентирани возилата и опремата со која располага гарнизон Куманово.

    Од оваа година со указ на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов денот кога е формирана “Трета македонска ударна бригада“ е одреден за Ден на првиот механзииран пешадиски баталјон.