×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан патронатот на училиштето во Табановце

    27.04.2012 16:03 | KumanovoNews

     Основното училиште „Браќа Рибар„ во Табановце денеска го славеше патрониот празник. Тоа е единствено уќилиште во Општината Куманово каде наставата се реализира на македонски, српски и албански јазик, а го покрива регионот во селата Горно Којнаре, Костурник, Сопот и Четирце.

    Одбележан патронатот на училиштето во Табановце

    Гостите пред споеникот на Браќа Рибар ги поздрави ученичката од седмо оделение Сунчица Спасова, која зборуваше за ликот и делото на народните херои. По свеченото положување на цвеќето, пред бистата беше одржана приредба.

    Ги поздравувам сите присутни гости кои дојдоа заеднички да учестувуваме во промовирање на детските вредности. Патрониот празник го користиме да дадеме шанса на најмалите на мечтаат, затоа ве и повикувам заедно да го погледнеме програмот кој нашите ученици го припремија - истакна директорката Розита Благоевиќ.

    На присутните им се обрати и конзулот во амбасатата на Република Србија, Драгица Јањиќ.

    Србија дава напори преку повеќе проекти да ги подржи Србите во регионот, преку стипендии и електронски учебници. Секој Србин треба да го знае српскиот јазик, а со укинување на таксата полесно можат да дојдат до српско државјанство - додаде Јањиќ

    По повод денот на училиштето, во Табановце настапија ученици со точки на српски, македонски и албански јазик.