×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележанa 119 годишнината од загинувањето на „Гоце Делчев“

    04.05.2022 21:59 | Сузана Николиќ

    Во дворот на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска беше одбележана 119-годишнината од смртта на македонскиот рeволуционер Гоце Делчев. 

    Одбележанa 119 годишнината од загинувањето на „Гоце Делчев“

    Делегации на Општината, Советот, политички партии, училишта, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во училиштето. 

    „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мисла, којашто секогаш не води, и ќе не води и во иднина за да ги постигнеме секогаш резултатите и да бидеме горди“,  рече директорката на училиштето, Марија Тодоровска.

    Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. 

    Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш.

    Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

    По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.