Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на армиски и полициски ветерани денеска одбележа 77 години од битката на Дренак. По тој повод на спомен обележјето во селото беше положено цвеќе.
На одбележувањето, со претставниците на здружението, присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Битката на Дренак е водена на 10 и 11 декември 1943 година во селото Дренак.
На тој ден прославениот Кумановски партизански баталјон „Јордан Николов-Орце“ под раководство на легендарниот командант и народен херој Христијан Тодоровски-Карпош извојува една од своите најголеми победи против фашистичкиот окупатор. Битката на Дренак во историјата е запишана како сведоштво за хероизмот на кумановските партизани и командантските способности на Христијан Карпош и како светол пример на успешно герилско и партизанско војување. Кумановскиот партизански баталјон составен од околу 120 борци во раните претпладневни часови на 10 декември 1943 година во Дренак се судри со озогласениот Вардарски четнички корпус составен од 4 бригади (Жеглиговска, Ристовачка,Прешевска и Кривопаланечка) со над 600 добро вооружени припадници. Во неколкучаосвната крвава борба храбрите Карпшовци наполно го поразија непријателот нанесувајќи му значајни загуби во жива сила. Во борбата за слобода на Македонија во оваа битка загинаа седуммина борци на Кумановскиот партизански баталјон, меѓу кои и Тоде Мендол, Миле Кипра и Доско Молер. Есента 1950 година народот на Куманово и на борбената Козјачија, во знак на благодарност и длабока почит, на местото на битката во Дренак подигна споменик на кој ката година на 10 декември се полага цвеќе и се евоцираат спомени поврзани со настанот.