Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација на Обединетата српска заедница Куманово, по повод 105 годишнината од битката на Челопечка кула, положија свежо цвеќе на спомен костурницата во селото Челопек.
Обединетата српска заедница од 2005 година од кога е обновена спомен плочата, секоја година палиме свеќи и им оддаваме почит на жртвите во оваа битка.Благодарение на поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Власта Димковиќ на споменикот е вратена плочата на која е напишано значењето на битката и изградени се пристапни скали- вели Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница во Куманово.
Битката на Челопечка кула се случила на 29 и 30 април во 1905 година на српските доброволци против турската војска.