×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана франкофонијата во Куманово

    23.03.2010 18:08 | KumanovoNews

    Четириесетиот роднеден на Меѓународната организација на франкофонијата денеска се одбележа во гимназијата “Гоце Делчев“. Програмата по повод јубилејот ја подготвија учениците од основното училиште “Крсте Мисирков“, каде се одвива двојазична настава од прво до четврто одделение и гимназијалците од билингвалната паралелка.

    Одбележана франкофонијата во Куманово

    На свеченоста присуствуваа и претсвници од Француската амбасада и Министерството за образование на Република Македонија.

    Во македонските училишта одлично се одвива проектот за изучување на францускиот јазик. Учениците имаат солидни познавања за традицијата, историјата и  културата на Франција. Во оваа прилика сакам да упатам благодарност до нивните наставници и ментори кои вложија труд и енергија, за да сега ги имаме овие резултати. На овие ученици им даваме  подршка, а пред се на тие што ќе покажат особени резултати ги мотивираме со стипендии за продолжување на нивните студии во Франција - истакна Пол Сулигу Аташе за соработка за изучување на францускиот јазик.

    Македонија од 2006-та година е рамноправна членка на франкофонската организација. Во скоро сите средни училишта се изучува францускиот јазик, како и во 70 проценти од основните во државата.

    Преку национата платформа за франкофонија го следиме проектот за изучување на францускиот јазик и култура. Досега имаме голем број на ученици кои заминуваат на школување во франкофонските држави, но и во соседните Романија и Бугарија, кои нормално имаат повеќе пракса во проектот. Со задоволство можам да кажам дека нашите ученици досега покажале исклучителни резултати не само во основното и средно образование туку и на Универзитетите - вели Марија Николова одговорна за националната платформа за франкофонијата при Министерството за образование.

    Министерството за образование на билингвалната паралелка, по повод настанот им подари принтер.