×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана победата над фашизмот на Спомен костурница

    09.05.2014 09:51 | KumanovoNews

    Со пригодна програма на Спомен костурница денеска беше одбележан 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.

    Одбележана победата над фашизмот на Спомен костурница

    Цвежо цвеќе положија делегација од општината, Сојузот на борци, политичките партии, јавните претпријатија, училишта и други. Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите, по што беше интонирана македонската химна. Пред присутните се обрати градоначалникот Зоран Дамајновски, кој потсети дека на денешен ден 1945 година капитулирал Третиот рајх со што е ставен крај на еден од најголемите судири во историјата на човештвото, а тоа е Втората светска војна.

      - Нашата земја даде значаен придонес во антифашистичката војна. Тој е неодминлив дел од слободарската историја на нашето поднебје. Таквиот однос кон тогашните настани ни придонесе во виорот на Втората светска војна, македонскиот народ да ја оствари својата вековна желба за слобода и државност. Таквата правилна одлука во најважното време на историјата резултираше со национална слобода на нашиот народ и конечно создавање на независна суверена Република Македонија. Во тој историски хероизам во период на незаборавот на патот кон небиднината до денес учеството на Куманово е особено значајно и големо и тоа е она што нас не напојува со непокорлив дух - изјави Дамјановски.

    Дамјановски рече дека денес треба да се стремиме за просперитетно, демократско  и интегрирано општество.