Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со подигнување на македонското знаме на седум метарски јарбол на Градските гробишта, денеска беа одбележни 14 години од смртта на бранителот, Дејан Јакимовски во Танушевци.
Во воениот конфликт во 2001 година, Јакимовски загина на 24 годишна возраст. На неговиот гроб свежо цвеќе положија роднини, пријатели, претседателот на Советот, Максим Димитриевски, претставници од АРМ, МВР, училиштето “Перо Наков“ и други.
„Често пати размислувавме како и на кој начин да им оддадеме почит на овие наши бранители. Единствениот начин да биде вечно и да остане во нашите сеќавања е со кревање на нашето знаме. Се крева знамето, затоа што тие луѓе се бореа под ова знаме, го носеа на својата униформа, и еве судината сакала денеска и нашиот херој Јакимовски да почива под ова знаме. Да се сеќаваме на нив и никогаш да не заборавиме што направиле. Без минато нема сегашност, а најмногу иднина“ - вели Ѓорѓи Малковски, претседател на Организација на резервни официри на Македонија.
Малковски апелираше до Советот на општина Куманово да изгласаат одлука, со која ќе се дозволи поставување на спомен обележје на бранителите во центарот на Куманово.