×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележани 71 година од загинувањето на Панче Пешев

    05.06.2015 10:31 | KumanovoNews

    Со положување цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на истоименото Музичко училиште, Сојузот на борци Куманово денеска одбележа 71 година од загинувањето на херојот.

    Одбележани 71 година од загинувањето на Панче Пешев

    Традиционално секоја година, борците му оддаваат почит и се сеќаваат на храброста и придонесот на Панче Пешев во НОБ.

    “Панче Пешев е еден од поистакнатите кумановски револуционери, кој има голем удел и значење во развој на народно ослободителното движење во Куманово. Тој е роден во Велес во 1915 година, и на 5 годишна возраст дошол во Куманово каде се образувал. Секогаш бил во првите редови и секогаш не се сложувал со одредените ненародни движења од тој период“- изјави Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци Куманово.

    Претседателот на Сојузот на борци Куманово, Спирко Зафировски рече дека Панче Пешев е голема личност, борец, револуционер за Куманово. Пешев од 1941 до 1943 година интензивно работел со млади луѓе за да се организира и формира одред на Козјачие.

    “Во 1943 година околу 26 јуни веќе беше подготвен со доаѓањето на неговите другари, а посебно со доаѓање на Карпош од Кукавичкиот партизански одред, кој имаше големо партизанско искуство и на 26 јуни тие излегоа во партизани. За кратко време делуваа во Јужноморавски одред, а подоцна откако бројно се зголемија, оти од Куманово излегоа десет партизани, се формира партизански одред, а за командант беше одреден Карпош. Во многу борби Панче Пешев учествуваше со Карпош и имаа голем придонес“- рече Зафировски.

    Во Мајската офанзива при враќањето со бригадата од Егејска Македонија, загинал во судир со бугарската војска во Кушкулија, струмичко на 5 јуни 1944 година. Во Куманово неговото име го носи Музичкото училиште,  улица, месна заедница и културно-уметничко друштво.