×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оглас за прием на 300 професионални војници во АРМ

    16.01.2024 15:24 | KumanovoNews

    Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата. Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.

    Оглас за прием на 300 професионални војници во АРМ

    Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас.

    „Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана. Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи“, велат од Министерството за одбрана.

    Заинтересираните за вработување во Армијата треба да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.