Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители влегле во објект на ЈП „Македонски железници- Инфраструктура“ во Опае и украле повеќе предмети.
„Вчера во 16.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во објект на ЈП „Македонски железници-Инфраструктура“, лоциран на железнички премин во селото Опае, Општина Липково и биле одземени повеќе предмети“, соопштуваат од полицијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.