Ограбен вработен на бензинската пумпа „Трго-тим„
28.07.2014 12:08
| KumanovoNews
Две маскирани лица, вооружени со пиштол го ограбиле вработениот на бензинската пумпа „Трго Тим“ во Куманово.

При тоа од касата одзеле 1000 денари. Разбојниците утринава влегле во објектот на пумпата и физички го нападнале вработениот. Почнале да го тепаат, а потоа испукале во воздух еден куршум од гасен пиштол. Откако ги одзеле парите побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојниците.