Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просек по 100 карти дневно се продаваат на отворениот Градски базен во Куманово во текот на работната недела, за време на викендите бројката надминува 300 билети, некогаш и повеќе.
Споредбено со изминатите години сме во рамките на просекот, за овој период од годината. Но, искуството покажува дека врвот на сезоната е од 15 јули до 15 август, па се надеваме дека и оваа година ќе го одржиме континуитетот“, истакна директорот Андрејa Маџовски.
Засега се функционира беспрекорно, нема никакви дефекти на опремата, ниту пак се забележани инциденти од било каков тип.
Најчести посетители се помладите сограѓани, ученици и студенти, додека повозрасните најверојатно времето го поминуваат „под клима“, во затворен простор.
Последниве неколку години не се популарни познатите излетнички места „на река“ и се помал број на граѓани се одлучуваат слободното време да го поминат во природа на големите горештини.
„Кога децата беа помали, а ние помлади знаевме да отидеме да се искапеме, иако нивото на водата знаеше да биде навистина ниско, па повеќе личеше на тркалање, отколку на капење. Сега не можам да издржам на овие температури да седам на отворен простор, па нека е и во сенка. Децата ќе отидат на базен, ние, со сопругата си седиме дома“, објасни 53-годишниот Бобан К.