Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништиле инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при вонредниот инспекциски надзор во повеќе ресторани, месарници и маркети.
„За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна“, информираат од АХВ.
При инспекцискиот надзор биле опфатени и два големи супермаркети кај кои не биле утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.