×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 500 граѓани дневно се фотографираат за лични документи во Куманово

    15.03.2024 07:46 | Оливера Пешевска

    Во Управните служби на СВР Куманово дневно се фотографираат 500 граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Капацитетите и човечки реурси во служби ги задоволуваат потребите на граѓаните, смета министерот Панче Тошковски.

    Околу 500 граѓани дневно се фотографираат за лични документи во Куманово

    „Некаде отприлика околу 500 луѓе во Куманово, дневно влегуваат во процесот, тоа значи дека се фотографираат за лични документи. Со тоа што од понеделник до петок се работи со фотографирање, сабота луѓето се посветени на друга документација која што треба да се среди за да на крајот граѓаните си добијат соодветен личен документ. Така да оваа бројка, имајќи го предвид капацитетот на човечките и на техничките ресурси мислам дека е и повеќе од доволна“, кажа Тошковски при посетата на Куманово. 

     Тој најави реорганизација кај шалтерските работници во време на рамазанските пости за процесот на издавање на лични документи тече непречено, по поплаките на граѓани дека по 17 часот дел од вработените заминуваат на ифтарски вечери, па нема кој да ги услужи.

    „Ќе се реорганизираме со цел да може да функционира институцијата како што треба. Секако дека треба да се почитуваат сите права на вработените, од било која етничка или верска припадност, но секако дека треба да функционира и институцијата“, истакна Тошковски.

    Вчера во Куманово беше промовиран системот „Земи бројче“, кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи.