×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 6 илјади посетители присуствуваа на 10 театарски претстави на годинешниве Денови на комедија

    16.10.2023 15:46 | Оливера Пешевска

    Со над 6 илјади посетители на 10 театарски престави уште еднаш се докажува дека Куманово го сака Меѓународниот театарски фестивал - Денови на комедија, дека тој му е потребен на градот и дека едноставно Куманово живее за манифестацијата.

    Над 6 илјади посетители присуствуваа на 10 театарски претстави на годинешниве Денови на комедија

    Надлежните од Центарот за култура како организатор на манифестацијата се задоволни од реализацијата на овогодинешното фестивалско издание  и тоа од селекција, организација, театарски претстави, па се до  реакција на публиката.   

    „Најпрвин,  сигурен сум дека публиката е задоволна. Театарските ансамбли кои гостуваа на фестивалот се задоволни, а со самото тоа сме задоволни и ние како институција. Мислиме дека ова година понудивме одлична програма од 10 квалитетни претстави кои предизвикаа внимание кај публиката. Очекуваме да продолжиме и  идната година со исто таков интензитет“, рече директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски.

    Иако оттаму се  воздржуваат да коментираат која претстава била најдобро примена од публиката, велат дека сите биле поздравени со одличен аплауз, а впечатоците ги оставаат на гледачите.

    На 26-то издание на  Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ 2023, претставата „Чекајќи го лекарот“ од Театар Лесковац, Србија беше прогласена за најдобра претстава Наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Тенев за претставата „Седумте стола“ на Театар Ловеч, Бугарија, најдобра актерка  е Наталија Теодосиева  за „Илуминати“ на Театар комедија – Скопје,  а најдобар актер Александар Степанулески за улогата во  претставата  „Кафез кај кокони“ на  Драмски театар – Скопје.  Актерот Бранко Атанасов, кој настапи во „Кафез кај кокони“ на Драмски театар – Скопје,   е добитник на наградата за најдобра споредна улога, наградата за најдобра  отиде кај  сценографија Радостина Тодорова  за „Седумте стола“ на  Театар Ловеч, Бугарија, а за најдобра костимографија кај Раде Василев и Елена Вангеловска за  „Кафез кај кокони“ на Драмски театар – Скопје.

    За наградите одлучуваше стручното жири во состав:  Магдалена Ризова Черних,  претседателка, и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски.  

    Жири комисијата разговарала и имала состаноци по завршувањето на секоја театарска изведба, а одлуката за наградите е донесена откако ја изгледале и премиерата на кумановската престава како последна од официјалната програма.

    „Одлуката беше целосно нивна и едногласна што се однесува на наградите. Очекуваме дека се задоволни и добитниците, но и дека јавноста го одобрува направениот избор на жири комисијата“, истакнува Тодоровски.

     Со средства добиени од Министерството за култура, Општина Куманово, спонзорства од приватни правни субјекти, но и од продадените билети,  Центарот за култура од Куманово ја заокружил целата финсиска конструкција на фестивалот, па изразуваат задоволство и од тој аспект.