×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 75 илјади евра ќе добие Центарот за култура за проекти во 2024 година

    28.02.2024 08:37 | Оливера Пешевска

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе добие 4,6 милиони денари или 75 илјади евра поддршка од Mинистерство за култура за реализација на проекти од национален интерес.

    Околу 75 илјади евра ќе добие Центарот за култура за проекти во 2024 година

    Средствата се наменети за сите дејности кои функционираат во институцијата, или 80 отсто од проектите со кои аплицирале.

    Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ добива 600 илјади денари исто како лани, а од Општина Куманово се доделени нешто повеќе средства од лани - 330 илјади денари. Вкупната сума од 930 илјади денари надлежните ја сметаат за пристојна, со која може да се организира еден двонеделен фестивал, со 7-8 гостувања и сите пропратни работи – награди, жири, совет на фестивал, логистичка поддршка.

    Се издвојува Фестивалот на прозата, за чие трето издание ова година се издвоени 500 илјади денари.

    „Минатата година имавме 120 илјади, но веќе ова манифестација се етаблира меѓу литературната публика и поетската фела, добива поголема доверба и кај граѓаните и кај надлежните, па следствено и средствата се доста повисоки. Планирани се гости од Србија, Бугарија, Хрватска, иако програмата се уште е во подготовка. План ни е овој фестивал да го поставиме како еден од столбовите на културната дејност на нашиот центар во Куманово и да трае и повеќе од 20 години“, истакнува директорот Сашо Тодоровски.

    За визуелни уметности се предвидени се 175 илјади денари за 4 изложби. Дополнително 4 до 5 изложби  Центарот за култура ќе ги организира со сопствени средства или како преземање од други институции од земјава и странство, или самостојни изложби на уметници за кои секторот ќе одлучи дека заслужуваат внимание, се дел од останатите планирани активности.

    Музичко-сценската дејност добива 280 илјади денари, тука спаѓаат организација на концерти, работата на Младинскиот оркестар, гостувања на Македонската опера и балет во локалната институција. Но два од предложените проекти.

    Прифатени се сите предложени проекти од фолклорната дејност на Центарот за култура, и за нив ќе добијат 330 илјади денари. Матичното Културно-уметничко друштво „Срма“ ќе добие 100 илјади денари. Останатите средства се наменети за концерти и работилници кои ќе ги организираат во текот на 2024 година.

    Инсталација на нови светилки и замена на старите ќе чини 88 илјада денари и тоа се единствените средства издвоени за одржување.