×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 8.000 лица со дијабетес се регистрирани во кумановско, старосната граница се намалува

    14.11.2023 13:42 | Оливера Пешевска

    Во Центарот за дијабетес во Општа болница Куманово има околу 8.000 пациенти со поставена дијагноза на дијабетес, кои доаѓаат на прегледи. Од нив 3.600 се на инсулинска терапија, над 4.300 пациенти се тип 2, а  128 со тип 1 дијабет. Лекарите велат дека посебно загрижува појавата што дијабетот се повеќе се дијагностицира кај деца од 9 до 10 години.

    Околу 8.000 лица со дијабетес се регистрирани во кумановско, старосната граница се намалува

    „Тоа е огромен број на пациенти кои минуваат низ нашиот центар, но постои една група кои се лекуваат во примарна здравствена заштита или кај приватните интернисти, така да бројката е многу поголема.А има и многу недијагностицирани. За навреме да се открие болеста, мора да се обрне внимание на првите симптоми, и морам да упатам апел сите треба барем еднаш во годината да направат испитување на ниво на шекер во крвта, и секој бројка повисока од референтните вредности би требало да се испита, да закажат преглед, имаме термини и тројца доктори работат во центарот“, вели д-р Марија Бајдевска-Спирковска, раководител на Центарот за дијабет.

    По повод Светскиот ден на дијабет, центарот утре ќе биде спроведена скрининг програма на мерење на гликемија во крвта кај учениците на медицинскиот смер во средното училиште Наце Буѓони. Мерката е преземена од причина што бројот на заболени од тип 2 дијабет зема голем замав и се почесто се дијагностицира кај млада популација, дури и кај деца, што порано не било случај.

    „Како здравствена установа одлучивме да спроведеме една превентивна акција на мерење на шеќер во крв кај учениците на средно медицинско училиште. Одбравме токму таква здрава популација, млади деца за да направиме скрининг на тип 2 дијабет, и на време да направиме анализи со кои ќе ги одбереме пациентите на млада возраст кои се под ризик. На ова најмногу влијае нездравиот начин на живот. Секој кој има проблем со телесната тежина треба да биде повеќе физички активен, треба да знаеме дека најубаво пиење е водата и дека најквалитетен десерт е овошје,т оа е мојата препорака за ова година“, појаснува д-р Спирковска.

    Од друга страна дијабетичарите со месеци се жалат на немање континуитет во достапноста на современа терапија, пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, како и недостаток од постојана и структурна едукација. Дополнително, изминатите месеци се соочуваат со недостиг на ленти и на апарати за мерење на шеќерот во крвта, како и недостиг на анти – дијабетна терапија, за што излегоа и на протест во јули годинава.

    „Конечно почнавме да добиваме ленти, глукомери (апаратчиња) и игли за мерење и апликација на инсулин во крвта,а имам информација дека се набавени сензори за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и за слепите лица. Тоа беа нашите барања на јулскиот протест. Но мора да има континуирано и без прекини снабдување, затоа што ова е хронична болест која бара неколку пати дневно контролирање и редовно земање на терапија“, истакна Зоран Бојковски, претседател на Здружението на дијабетичари.

    Членови на локалното здружение од Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска присуствуваат на форум на Сојузот на здруженија, на која треба да се сретнат со министерот за здравство Фатмир Меџити.

    Денеска е Светски ден на дијабетот, кој традиционално секоја година се одбележува на 14 ноември.