Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Опстанокот на голем дел чевларски погони во Куманово е доведен во прашање, бидејќи во државата неконролирано се увезуваат чевли од кинеско производство.
Наместо да се потикнува домашното производство и да се бараат странски пазари, кај нас државата го стимулира увозот на евтини и неквалитетни обувки на кило. Сопствениците бараат да се промени царинската политика и да се намалат давачките за да продолжат со работа или во спротивно ќе мораат да го намалат производството и да отпуштаат работници.
Никаде во светот чевлите не се продаваат на кило, туку на пар. Значи, ако таа чевла таму е купена десет евра и се знае колку се царинските давачки за увоз и ДДВ, така формираните цени треба да се појават на пазарот. Тогаш не би имале против. Вака, овие цени ни создаваат големи проблеми и отежнато се продаваат нашите производи- вели Ѕвонко Георгиевски од фабриката"Бос чевли".
Чевларите велат дека за нив доаѓаат уште полоши времиња, бидејќи нема доволно работа во кожната индустрија, а и традиционалните партнери во Италија немаат доволно работа ниту репроматеријали. Во Куманово работат над 50 чевларски погони и мини фабрики со неколку илјади вработени. Куманово е чевларскиот град со традиција од два века, некогаш тука се произведувале три милиони пара чевли годишно. Чевларите го прославија нивниот празник „Свети Спиридон„ со желба за поубави денови.