Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во селото Опае утринава во осум часот во семејна расправија Ељхан С. (38) пукал во својот брат Евзи С. (50). Пукачот веднаш по настанот побегнал во непознат правец со својот автомобил и полицијата трага по него.
Повредениот веднаш бил префрлен во Медицинскиот центар во Куманово каде е задржан на лекување. Точните мотиви за расправијата и пукањето се уште се непознати.
СВР Куманово врши увид на местото на кое се случила престрелката.