×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опожарена куќа, шупа и сува трева во кумановско

    31.01.2024 08:26 | Теодора Стоевска

    Четири пожари биле регистрирани во изминататото деноноќие на територијата на општина Куманово.

    Опожарена куќа, шупа и сува трева во кумановско

    Според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) ноќеска се запалила куќа во кумановското село Градиште, додека вчера попладне горела помошна просторија во селото Скачковце, како и сува трева во селата Романовце и во Младо Нагоричане.

    „Територијалната противпожарна екипа (ТППЕ)  интервенирала во с.Романовце од 16:15 до 16:45 часот на запалена сува трева, интервенирано со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари. Од 16.45 до 18:45 часот во с. Скачковце бил запален помошен објект (шупа), интервенирано е со 1  возило и 3 пожарникари. Во с.Младо Нагоричане во мала Бузинци од 18:00 до 20:00 часот со 1 возило и 3 пожарникари интервенирано е на запалена сува трева. Во с.Градиште од 23:55 до 02:40 часот пожарникарите биле на терен со 1 возило и 3 пожарникари во гаснење на пожар на семејна куќа, во пожарот две соби се целосно изгорени. Причина за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдуваат“, соопштува ЦУК Куманово.

    (Фото: архива Кумановоњуз)