Опожарена куќа во Отља, причинета поголема материјална штета
14.04.2022 12:23
| Жаклина Цветковска
Во селото Отља, Липково, опожарена е семејна куќа , при што е нанесена поголема материјална штета.

Во гаснењето на пожарот интервенирала ТППЕ Куманово со 1 ПП возило и 5 пожарникари, во период од 14,07 до 15,15 часот.
Пламените јазици ја зафатиле кровната конструкција на објектот , а причината за пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.