Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на Советот, пред гласање на измените и дополнувањето на ценовникот на услуги на ЈП „Куманово-паркинг„, со образложение дека не сакаат пасивно да присуствуваат во донесување на одлука која е спротивна на интересите на граѓаните.
Над 30 илјади регистрирани возила во градот ќе треба да се борат за само 2 илјади паркинг места, што значи дека на едно паркинг место отпаѓаат 15 возила. Во такви околности ние сметаме дека ваков систем нема да даде задоволителни резултати. Ако ние функционираме во интерес на граѓаните тогаш нашите одлуки треба да се издржани. Ние не сакаме да бидеме пасивни учесници во носење на одлуки кои ќе предизвикаат негативни реакции кај нашите сограѓани. Ние секако ќе гласавме против, но во вакви околности кога сме на работ на кворум, тогаш со нашето останување на седницата ние на пасивен начин даваме подршка на едно вакво решение. Доколку мнозинствотои е убедено во исправноста на оваа одлука тогаш нека си обезбеди кворум и нека си ја изгласа идлуката - изјави советникот Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Прекинувањето на седницата предизвика остри реакции и препукување кај останатите советници, кои сметаа дека нивните политички опоненти се некоректни и лицемерни, бидејќи присуствуваа на првата точка кога беше изгласан извештајот за работата на ЈП „Куманово-паркинг„ а подоцна се премислија и заминаа, без да го почитуваат договорот од координација на советничките групи. При тоа открија дека продолжението на денешната седница било вештачки направено на барање на дел од советниците од опозицијата за да не го изгубат месечниот паушал, поради тоа што не присуствувале на редовната седница, минатат недела.
Како председател на Советот на Општината апсолутно имав разбирање во делот на организирањето на годишните одмори, и во делот на нивното присуство на седниците на Советот. Една од причините зошто седницата беше прекината минатиот пат се годишните одмори на дел од советниците. Некоректно и непринципиелно е од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција да ги злоупотребуваат деловничките можности од една страна, а од друга страна да не го почитуваат договорот на координација и да го доведуваат во прашење нормалното работење на Советот. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ ги наруши принципите за работење на советот кои се применуваа во изминатите две години. Незнам од кои причини ги фаќа нервоза на ваков начин да протестираат и нарушуваат една добра клима за работа. Мене лично не ми е драго што ова се случи, и јас ја осудувам нивната одлука- рече претседателот на Советот Виктор Цветковски.
Откако беше одржана координација на советничките групи и се одлучи седницата да продолжи, се обезбеди кворум и позицијата ги изгласа измените во ценовникот на ЈП „Куманово-паркинг„,по што советниците од опозицијата се вратија во салата.