×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата незадоволна од новиот претседател на Советот

    18.10.2012 14:34 | KumanovoNews

     Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница негодуваа на работата и  водењето на седниците на новиот претседател на Советот, Максим Димитриевски.

    Опозицијата незадоволна од новиот претседател на Советот

    Недоразбирањата настанаа кога председателот му го одзеде зборот на советникот Миле Јакимовски, откако го предупреди со неговите дискусии да не дозволи седниците на Советот да личат на циркус.  Тоа предизвика револт и негодување кај опозицијата, по што беше побарана пауза за да се смират страстите.

    Конфузното функционирање на претседателот и нервозата што ја покажува, заедно со советничката група на СДСМ и градоначалникот, покажува дека алибито за неговото поставување за подобро функционирање на Советот е лага. На оваа прва седница, се покажа дека претседател не ги води седниците како што треба и не може да воспостави ред за нормално функционирање на седницата. Се испостави дека прво не го познава добро деловникот, а прави и многу грешки во однос на давање на реплики и контрареплики, а градоначалникот има повластена позиција- изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.  

    Димитриевски ги отфрла обвинувањата.

     Денеска бевме сведоци на една невидена опструкција од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните колаициони партнери во работата на Советот. Вршеа класична злоупотреба на деловничките можности, ги толкуваа по лична желба во делот на процедералната интервенција и во репликите. Тоа мене лично ме потикнува да бидам цврст во моите заложби да воведам долично и коректно однесување во рамките на овој орган- изјави Димитриевски.  

     Опозицијата најави дека доколку претседателот не снајде на новата функција и во наредниот период тие ќе побараат негова интерпелација.