×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Крива Паланка по вторпат обезбеди бесплатни униформи за сите ученици

    08.10.2025 07:38 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка и оваа учебна година обезбеди бесплатни школски униформи за сите ученици од основните и средното училиште на територијата на општината.

    Општина Крива Паланка по вторпат обезбеди бесплатни униформи за сите ученици

    Со оваа мерка, која се спроведува втора година по ред, локалната самоуправа покажува континуирана грижа за најмладите и посветеност кон создавање еднакви услови за сите ученици.

    Целта на проектот е да се поддржат семејствата, да се намалат финансиските трошоци за почетокот на учебната година и да се промовира чувство на припадност и дисциплина меѓу учениците.

    „Со оваа иницијатива обезбедуваме еднакви можности за раст и развој на секое дете. Нашата цел е да создадеме општество во кое секој ученик ќе се чувствува поддржан и вреднуван,“ порачуваат од Општина Крива Паланка.

    Проектот, според локалните власти, претставува инвестиција во иднината и во образованието како основа за општествен напредок.

    Сè што прават, како што велат од општината, го прават „со љубов, визија и грижа за секое дете од Крива Паланка“.

     

    (Фото: Општина Крива Паланка)

    Никола Митовски