×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово размислува да воведе бесплатен јавен превоз

    28.11.2022 17:18 | Жаклина Цветковска

    Целосно бесплатен јавен превоз за сите 26 линии за 2023 година размислува да воведе Општина Куманово, но бара мислење од граѓаните дали ваквата мерка е оправдана за време на енергетската криза.

    Општина Куманово размислува да воведе бесплатен јавен превоз

    „Почитувани сограѓани, во тек се интензивни разговори и координации со Советот на општината и фирмите вршители на јавниот превоз  за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

    Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот буџет за 2023 година.

    „Потребно ми е вашето мислење и размислување по што би излегол со конкретно решение и предлог пред Советот при гласање на годишните програми и буџетот“, вели Димитриевски.

    Тој ги повикува граѓаните да одговорат на анкетното прашање „Дали сте за бесплатен јавен превоз во Куманово во период на енергетска криза?“ и да ги дадат своите мислења и сугестии.

    Дел од граѓаните ја прифаќаат оваа мерка, но дел од нив  сметаат  треба да има показатели за одржливост на еден ваков проект. Повеќе граѓани ,  пак, посочуваат дека е подобро наместо беспалтен впреоз, цената на автобускиот билет да се намали или да биде сиболична , а автобуските линии да бидат редовни.