×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе ангажира 10 образовни асистенти од ромска и други етнички заедници

    25.08.2020 08:53 | KumanovoNews

     Општина Куманово ќе ангажира 10 млади невработени лица од ромска и други етнички заедници за работа како образовен асистенти за деца со пречки во развојот во основните училишта, преку проектот „Креирање на можности за сите“, а во рамките на програмата за „Општинско-корисна работа-СДЦ“.

    Општина Куманово ќе ангажира 10 образовни асистенти од ромска и други етнички заедници

    Преку овој проект,  5 образовни асистентни ќе бидат ангажирани за работа со првачиња и 5 образовни асистенти од трето до девето одделение.

    Според објавениот оглас, потребно е невработените лица да имаат соодветно средно стручно образование.

    Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време (20 работни часови неделно), при што за време на седуммесечното ангажирање статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица корисници на социјална помош за времетраењето на работниот ангажман ќе им биде активно правото за користење на социјална помош.

    „Евидентираните невработени лица коишто ќе се пријават на овој оглас треба да припаѓаат на една од следниве групи невработени лицa: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица на 5 години), млади лица до 29 години, жени припадници на ромска етничка заедница и на останатите етнички заедници и лица припадници на ромска етничка заедница“, стои во соопштението на Општина Куманово.

     За лицата кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата се предвидува паричен надоместок од девет илјади денари  бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување на инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

    Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“, можат да поднесат во Агенцијата за вработување Куманово до 26.8.2020 година од 8 до 14 часот.

    Општинско-корисна работа се реализира во соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово, а се финансира од Буџетот на Агенцијата за вработување и е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија.