Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово обезбедува финансиска поддршка за спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на граѓаните преку кампањи од областа на здравствена заштита за 2023 година.
Кампањите од областа на здравствена заштита се однесуваат на темите : злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, превенција на тинејџерска бременост, сексуално преносливи болести, подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат со вакцини, рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања.
„ Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година ,се распишува Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита“, соопштуваат од општината.
Превентивно-промотивните активности можат да ги спроведуваат здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, да имаат Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности од областа на здравствена заштита и да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово.
Едно здружение/правно лице може да поднесе најмногу до 3 (три) предлог-проекти за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита. Секој предлог-проект се доставува со поединечно барање до општинската архива.
Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk и ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.