×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе ангажира образовни и лични асистенти за проектот „Инклузивна училница“

    12.08.2022 10:33 | Сузана Николиќ

     Општина Куманово ќе ангажира 13 образовни и двајца лични асистенти во средното образование за реализација проектот „Инклузивна училница“, преку програмата „Општинско-корисна работа”.

    Општина Куманово ќе ангажира образовни и лични асистенти за проектот „Инклузивна училница“

    „Лицата кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право“, соопштува Општината.

    За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата “Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 14.000 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

     Заинтересираните, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на коронавирусот ковид -19, долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица корисници на гарантирана минимална помош, лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, самохрани родители,
    родители на деца со пречки во развојот и родители на 3 и повеќе деца.

    Првата проектна идеја се однесува на услугата образовна асистенција на ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно средно образование. Активностите ќе се спроведат во средните училишта: СОУ „Перо Наков“, ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, на 13 ученици со попреченост во паралелки на македонски и албански наставен јазик.

    Втората проектна идеја се однесува на услугата лична асистенција на ученици со физичка попреченост вклучени во редовното инклузивно средно образование.  Активностите ќе бидат спроведувани во две општински средни училишта и тоа: СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и СОУ „Перо Наков“, на двајца ученици со попреченост во паралелки на македонски и албански наставен јазик.

    Сите заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „ Инклузивна училница“  можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово до 15. август годинава. Повеќе информации на линкот.

    „Инклузивна училница“ е проект со кој Општина Куманово аплицираше на Програмата “Општинско-корисна работа 2022”, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2022 година. Програмата е финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување и кофинансирана од Општина Куманово, покрај задолжителните 20 % од месечниот износ на ангажираните лица со дополнителни средства во висина од по 5000 денари бруто по лице. На тој начин, вкупниот месечен бруто износ на ангажираните лица ќе изнесува 14 000 денари.