×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со пакет линии Општина Куманово ќе го решава јавниот превоз

    11.03.2022 21:48 | Сузана Николиќ

    Aвтопревозниците кои ќе ги добијат атрактивните градски линии ќе вршат превоз и во непрофитабилните селски средини, одлучи Советот на Општина Куманово на денешната седница, со цел да го реши хаосот во градскиот превоз, кој настана од почетокот на годината поради задоцнетото распишување на јавниот повик. 

    Со пакет линии Општина Куманово ќе го решава јавниот превоз

      Воведувањето на пакет линиите уследи откако пропаднаа двата последни огласи за превоз на патници кон селата Шупли Камен, Косматац, Новосељане, Мургаш, Четирцe, Сопот, Карабичане, граничен премин Табановце. 

    „Овие линии не се атрактивни и популарни за превозниците и никој не се јавува. Сите сме свесни дека во јавниот превоз се атрактивни само 4-5 линии, кои за жал уште не се распределени и од тие причини се одлучивме да направиме пакети, со кои конечно ќе се добие решение за општинскиот линиски превоз“, кажа раководителката на Секторот за комунални работи Лидија Ланг Спасовска. 

    Во Општина Куманово има вкупно 26 линии на јавен превоз и за 15 од нив е потпишан договор со превозниците. Девет линии не функционираат, а меѓу нив и најоптоварените каде што има најголем број на патници; Зелен рид – Железничка станица, Доброшане – Бедиње,  Карпош – Железничка Станица и Тромеѓа – Бедиње.   

    „Не сакајќи овој процес стана многу сложен. Одредени превозници се жалеа на сите наши одлуки и се уште немаме конечно решение. Нашата комисија којашто е формирана од градоначалникот се уште работи на таа проблематика. Потребата од одлуката за измена на одредени линии се наметна и беше испровоцирана токму од одлуката на Влада, која предложи мерки да се реорганизира превоз во општините, со цел сите граѓани да добијат брз и квалитетен превоз“, кажа Ланг Спасовска.

    Граѓаните се лути поради нерешниот градски превоз и бараат итно решение на проблемот.

    Во Општина Куманово јавен градски превоз користат над 15.000 граѓани, од тоа 5.000 ученици во основните и средни училишта.