×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово објави повик за добивање на оброк во народна кујна

    19.02.2024 12:51 | Теодора Стоевска

    Општина Куманово ги повикува сите граѓани, кои се социјално загрозени да аплицираат за остварување на правото на користење на народна кујна, која ќе обезбедува еден дневен оброк.

    Општина Куманово објави повик за добивање на оброк во народна кујна

    Услугата е обезбедена од страна на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“- Куманово, со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово.

    Лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик, треба да се корисници на гарантирана минимална помош во Центар за социјална работа, лица со многудетно семејство или лица корисници на минимална пензија.

    Притоа секое лице може да искористи по еден оброк дневно, кој го подигнува со важечка лична карта. Еден барател може да поднесе едно барање, во кое може да ги наведе и останатите членови на своето семејство како соуживатели на право на користење на народна кујна и за истиот ќе бидат пресметани толку оброци колку што има членови во семејството.

    Барањата можат да се подигнат од општинската зграда во поранешен Козјак или од веб страницата на општината и заедно со целосната документација да се достават до општинската архива. Јавниот повик нема временски рок, односно ќе трае цела 2024 година.