Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината ги повикува сите правни субјекти кои се заинтересирани да аплицираат за уредување на дворни површини и просторот кој се наоѓa околу станбените згради. Барањата ќе се примаат до исцрпување на средствата буџетот за таа намена, но не подоцна од 30.11.2024.
Од буџетот се покрива 80 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари, од предвидените средства за уредување на дворни површини на колективните станбени згради.
Право на учество на овој јавен повик имаат станбени згради кои се управувани од лиценцирани станбени управители и регистрирани заедници на сопственици преку управител на станбена зграда или претседател на заедница на сопственици во Општина Куманово, а услов за учество е да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Македонија.
Заинтерисираните баратели треба да поднесат комплетна документација која се наоѓа на сајтот на Општината, како и Образец за барање за искористување на правото за надоместок. Барањето може да се подигне во архивата на Општина Куманово или да се обезбеди од интернет страницата на Општината.