×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово планира да се задолжи милион евра за купување на опрема за јавните претпријатија

    09.09.2020 11:04 | KumanovoNews

    Општина Куманово сака да подигне кредит во висина околу 1 милион евра кај Светската банка за обнова и развој за да го подобри работењето на општинските претпријатија.

    Општина Куманово планира да се задолжи милион евра за купување на опрема за јавните претпријатија

    Со средствата од овој проект планирано е да се набави опрема и механизација за јавните претпријатија, кои имаат проблеми во работењето.

    „Станува збор за кредит со многу поволни услови, со камата од 1 отсто на 10 години, со грејс период од 3 години. Дел од средствата во висина од 5 или 10 отсто се неповратни. Со тие пари се предвидува да се подигнат капацитетите на јавните претпријатија. Планирано е да се купи пајак за ЈП „Куманово-паркинг“, камиони и багери за јавните претпријатија „Водовод“ и „Куманово-гас“, камиони за зимско оддржување на улиците за ЈП „Чистота и зеленило“. Со обезбедување на новата опрема Општината ќе може да ги ангажира овие претпријатија за извршување на услугите и со тие средства ќе се подигнат нивните капацитети и ефикасност во работењето“, велат од Општината за Кумановоњус.   

    Предлог за задолжување на Општината утре ќе се најде пред Советот на Општина Куманово, како единствена точка на дневен ред.

     1. Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

    Доколку Советот го прифати предлогот, конечниот збор за одобрување на кредитот ќе го има Министерството за финансии, преку кој се реализира задолжувањето.

    Општина Куманово од пред извесен период повеќе не е со блокирана сметка, со што се создаваат услови да може да се задолжи, но се ќе зависи од убедувањето на советниците дали е тоа неопходно во овој кризен период.