×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово распиша нов оглас за градскиот превоз

    01.04.2022 17:46 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово распиша нов оглас за избор на превозници во населбите во кои нема организиран јавен превоз. 

    Општина Куманово распиша нов оглас за градскиот превоз

    За разлика од минатиот пат кога пријавувањето беше поединечно за секоја линија, сега на превозниците им се нудат линии во пакет. 

    Превозниците ќе аплицираат за пакет бр. 1 за линијата Зелен рид - Железничка станица, заедно со линијата Куманово - ГП Табановце. 

    Пакет 2 линијата Бедиње село Доброшане и линијата Куманово - Новосељане - Косматац - Мургаш. 

    Пакет 3 е за локација Ливаде - Карпош - Железничка станица и линијата Куманово - Четирце.

    Пакет 4 е Бедиње-село Тромеѓа и линијата Куманово-Шупли Камен.

    Пакет 5 е Романовце - Куманово и линијата Куманово - Табановце - Карабичане - Сопот и линијата Бајрам Шабани - Бедиње.

    За да учествуваат на повикот превозниците треба да поседуваат возила со минимум еуро 4 еколошки стандарди, да имаат сопствен паркинг, да се впишани во Централниот регистар, и да имаат регистирано приоритетна дејност за вршење превоз на патници во патниот сообраќај. Огласот трае до 15 април.

    Веќе три месеци Куманово нема градски превоз во најголемите населби, поради тоа што постапката доцна започна, а потоа со жалби дополнително се развлече и се уште не е завршена.