Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово ќе вработи 15 луѓе во проектот „Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост„.
Проектот ќе се реализира во рамки на програмата општинско- корисна работа 2015, која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време од 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.
Програмата општинско- корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера да им помогне на лицата кои живеат на територијата на општина Куманово. Можат да бидат ангажирани Роми, кои најмалку 6 месеци се водат како невработени во АВРМ и родители на деца со пречки во развојот, сите активни баратели на работа,- вели општинскиот координатор Фросина Трајковска, .