×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово воведе дополнителни телефонски линии за помош на граѓаните

    06.04.2020 16:24 | KumanovoNews

     Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

    Општина Куманово воведе дополнителни телефонски линии за помош на граѓаните

    Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации, ко се однесуваат за работа на дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Владата и од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

    Од Општина Куманово соопштуваат дека е воведена и услугата за асистенција на болни и изнемоштени граѓани.

    - Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците, - стои во соопштението.